Линкови за пристапност

Северна Кореја потврди дека Ким добил писмо од Обама


Северна Кореја потврди дека нејзиниот водач Ким Џонг-ил, лично добил писмо од американскиот претседател Барак Обама за време на посетата на американскиот специјален пратеник Стивен Босфорт на Пјонгјанг минатата недела. Ова го јави севернокорејската државна агенција КЦНА во петокот. Стејт департментот претходно неделава соопшти дека Босфорт донел писмо од Обама во Пјонгјанг. Обете страни не даваат детали за неговата содржина.

Сепак, јужнокорејската новинска агнеција Јонхап наведува дека Обама предложил отворање на канцеларија за врски во Северна Кореја доколку комунистичката земја се врати на шестраните разговори за нуклеарно разоружување, во кои покрај САД и Северна Кореја, учествуваат и Јапонија, Јужна Кореја, Кина и Русија. Таквата канцеларија би била првата перманентна и директна дипломатска интеракција меѓу двете земји.

XS
SM
MD
LG