Линкови за пристапност

Обвинетиот за нападите во Мумбаи ја промени изјавата


Пакистанецот Мохамед Аџмал Касаб, обвинет за минатогодишните терористички напади во Мумбаи, Индија, ја промени изјавата во која призна дека бил учесник. Тој сега вели дека индиската полиција го мачела за да изнуди таква изјава.

Касаб пред судија во Мумбаи изјави дека полицијата „го наместила“ и порекна секаква вмешаност во тридневната опсада во која загинаа 166 лица. Касаб воедно порекна дека е човекот на фотографиите кој носи оружје на железничка станица на денот на нападите. Обвинетиот изјави дека дошол во Мубаи како турист, а бил уапсен 20 дена пред почетокот на опсадата.

Обвинението против Касаб содржи 86 точки, меѓу кои и водење на војна против Индија, убиство и поседување на експлозиви. Доколку биде осуден, може да добие смртна казна.

Во првичната изјава, Касаб призна дека бил регрутиран од забранетата исламистичка милитантна група Лашкар-е-Таиба со седиште во Пакистан.

XS
SM
MD
LG