Линкови за пристапност

Обама:  новиот договор за стратешко оружје со Русија е на повидок


Американскиот претседател Барак Обама тврди дека САД и Русија се „мошне блиску“ до постигнување нова спогодба за контрола на оружјето. Тој на оваа тема петокот разговараше со рускиот колега Дмитриј Медведев на маргините на климатската конференција во Копенхаген.

Медведев изјави дека се` уште треба да се доврши работата на технички детали.

Претставници на обете земји деновиве интензивно преговараат на оваа тема во Женева, обидувајќи се да изготват спогодба што ќе го замени Договорот за намалување на стратешкото оружје – СТАРТ од 1991-ва, што истече нешто порано месецов.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров четвртокот го повика Вашингтон да прифати поголемо намалување на нуклеарниот арсенал и поненападни мерки на верификација од оние во СТАРТ. САД, пак, сакаат да продолжи транспарантноста и мерките на верификација за рускиот нуклеарен арсенал.

На средбата јули годинава во Москва, Обама и Медведев постигнаа согласност новиот договор да го намали нуклеарниот арсенал на обете земји на 1.500 до 1.675 боеви глави во рок од седум години.

XS
SM
MD
LG