Линкови за пристапност

Мапиран генетскиот код за два вида на рак


За прв пат, научниците целосно го мапираа генетскиот код на два чести видови на рак.

Меѓународен тим на чело со британски научници ги идентификуваше сите промени или мутации на клетките со тумор кај ракот на кожата и на белите дробови. Мајк Стратон од британскиот институт Велком траст Сангер вели дека мапирањето открило генетски трансформации при развојот на видовите на рак.

Истражувачот Енди Футреал вели дека предизвикот во следните неколку години ќе биде да се дознае кои мутации всушност влијаат врз клетките да станат канцерогени. Научниците наведуваат дека во истражувањето утврдиле над 23.000 мутации на клетките со рак на белите дробови и над 33.000 мутации на оние со рак на кожата. Тие велат дека идентификувањето на мутациите ќе го измени треманот на заболувањата во иднина.

Истражувањето е објавено во журналот Природа.

XS
SM
MD
LG