Меѓународни здравствени претставници предупредуваат дека пандемијата на свински грип од типот Х1Н1 е далеку од помината и препорачуваат државите да преземат мерки за спречување на ширењето на вирусот.
Претставници на Светската здравствена организација (СЗО) подвлекуваат дека грипот во едни области зема поголем замав отколку во други, но дека пандемијата е глобална појава и дека такви флуктуации се нормални. Генералниот директор на СЗО за пандемични вируси Кејти Фукуда, на пример, наведува дека бројот на случаи и натамау е висок во Франција и Швајцарија, додека најверојатно опаѓа во други делови на Европа и Северна Америка.
Американската секретарка за здравство Кетлин Сибелиус соопшти дека иако свинскиот грип навидум е во опаѓање во САД, може да се развие таканаречен „трет бран“ на заболувањето.