Линкови за пристапност

Расте бројот на невработени, Конгресот нуди помош   


Бројот на Американци кои бараат компензација поради невработеност минатата недела забележал пораст, во време кога економијата во земјата продолжува по трнлив пат на закрепнување со неизедначено темпо. Иако бројот на новоневработени опаѓа во последните месеци, според најновиот извештај на владиниот Оддел за труд, само минатата недела околу 7.000 лица побарале помош поради тоа што биле отпуштени од работа.

Стапката на невработеност во САД е 10 проценти и тоа беше причина Претставничкиот дом во средата да одобри нова програма за помош од 154 милијарди долари. Мерката беше усвоена со пет гласа разлика и допрва треба да мине во Сенатот и да биде потпишана од претседателот Барак Обама за да стапи на сила. Таа ги проширува бенефициите за отпуштените од работа и ја финансира здравствената заштита за нив.

XS
SM
MD
LG