Линкови за пристапност

Ирачките милитанти – хакери?   


Напис објавен во Вол стрит џурнал, наведува дека милитанти во Ирак нашле начин како да пресретнат видео-емитување во живо од американски беспилотни летала со помош на софтвер во широка потрошувачка. Извештајот, објавен четвртокот, тврди дека американската армија го открила проблемот кон крајот на минатата година, кога заплениле лаптоп компјутер на шиитски милитант на кој имало видео-снимки емитувани од леталата.

Виши претставници за одбрана и разузнавање за весникот соопштиле дека бунтовниците успеале да искористат незаштитена комуникациона врска во системот на леталата. Софтверот потребен за такво нешто може да се купи на Интернет за околу 26 долари.

Американски официјални лица велат дека нема докази дека милитантите успеале да преземат контрола врз леталата што може да се наоружани и се контролираат од далечина. Па сепак, пресретнатите видео-емитувања може да им покажат на бунтовниците во Ирак каде оперираат леталата.

Вол стрит џурнал пишува и дека емитувањето било пресретнато и во Авганистан.

XS
SM
MD
LG