Линкови за пристапност

Светските лидери стравуваат од неуспех на климатскиот самит во Копенхаген


Светските лидери стравуваат дека глобалниот климатски самит во Копенхаген ќе заврши со неуспех, наведувајќи длабока поделеност меѓу богатите и сиромашните земји за тоа кој треба да го намали испуштањето на штетни гасови и да плати за мерките против загадувањето

Францускиот претседател Никола Саркози четвртокот предупреди дека во воздухот виси политичка катастрофа, додека Белата куќа соопшти дека би било подобро на средбата во данскиот главен град да не се постигне нов, отколку да се потпише еден лош климатски договор. Европската унија ги повика сите земји да „појдат во крајни граници на нивната флексибилност“ за да постигнат договор на средбата што е под спонзорство на ОН.

Над 100 шефови на држави и влади, меѓу кои и американскиот претседател Барак Обама, се на пат за Копенхаген, на петочната средба за климатски промени.

Во обид да го надмине ќорсокакот, американската државна секретаркаХилари Клинтон четвртокот најави дека Вашингтон ќе помогне да се соберат 100 милијарди долари годишно за сиромашните земји да се справат со климатските промени. Сепак, Клинтон предочи дека американската поддршка зависи од согласноста на економиите во развој да ја намалат емисијата на јаглерод диоксид и изнаоѓањето на начини да се верификува дека било постигнато намалувањето. Таа исто така предупреди дека Вашингтон ќе ја повлече понудата освен доколку Кина и другите економии во подем не се согласат на меѓународни мерки на верификација.

Согласно постојниот договор од Кјото, што истекува во 2012-та, од Кина и други земји во развој не се бараше да ја намалат емисијата на штетни гасови. Сега кога овие земји ветија доброволни мерки, САД сакаат напорите против загадувањето да бидат мерливи и верификувани. Американскиот сенатор Џон Кери, кој пристигна на самитот средата, смета дека таквата верификација е неопходна за да се убедат американските законодавци да ја одобрат обврзувачката легислатива против загадувањето што заглави во Сенатот.

Во Пекинг, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Џианг Ју ги повика развиените земји да „покажат поголема искреност“ кога станува збор за намалувањето на емисијата на штетни гасови и да им помогнат на сиромашните земји да ги покријат трошоците за тоа.

XS
SM
MD
LG