Линкови за пристапност

12 загинати во наводни напади со американски беспилотни летала во Пакистан


Претставници на пакистанското разузнавање тврдат дека најмалку 12 лица загинале во два напада во региони каде доминираат припадниците на Талебан, наводно извршени со американски беспилотни летала.

Целта на првиот напад било возило со двајца осомничени милитанти во градот Досали во племенската област Северен Вазиристан, во близина на границата со Авганистан. Официјални лица тврдат и дека неколку часа подоцна, исто така во Северен Вазиристан, беспилотни летала исфрлиле седум проектили врз објекти каде се претпоставува дека се криеле милитанти. Според истиот извор, можно е бројот на жртвите да нарасне.

Нападите уследија еден ден откако Врховниот суд на Пакистан ја поништи амнестијата за претседателот Асиф Али Зардари и 8.000 други виши политичари, бирократи и бизнисмени. Судот одлучи дека амнестијата е во конфликт со Уставот на земјата.

Пакистанските опозициони групи на ова реагираа со барање Зардари да поднесе оставка, но неговиот портпарол изјави дека тој нема намера да го стори тоа.

XS
SM
MD
LG