Линкови за пристапност

Јеменските сили ја нападнаа Ал-Каида


Серија превентивни акции ги попречила плановите на Ал-Каида да изведе напади ширум Јемен, соопштија властите во оваа земја. Безбедносни сили. поддржани од борбени авиони, во четвртокот нападнале упоришта на Ал-Каида северно од главниот град Сана и камп за обука на југот на земјата. Во акцијата биле убиени 34 милитанти на Ал Каида, а 17 се уапсени.

Властите тврдат дека акцијата била спроведена затоа што Ал-Каида планирала да ангажира бомбаши-самоубијци за напади врз училишта и странски цели.

Минатиот месец, Ал-Каида презеде одговорност за заседата во јеменската покраина Хадрамот, во која загинаа најмалку петмина војници.

Порано годинава, виш американски претставник за антитероризам предупреди дека Јемен прераснува во потенцијална нова регионална база за терористичката мрежа.

XS
SM
MD
LG