Линкови за пристапност

Русија ги обвинува САД дека успоруваат напредок кон нов нуклеарен договор


Првиот човек на руската дипломатија ги обвини САД дека сопираат напредок кон нов нуклеарен договор и дека не очекува претседателите на двете земји да го потпишат истиот кога ќе се сретнат во петок во Копенхаген. Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров четвртокот го повика Вашингтон да прифати подлабоки редукции на нуклеарните арсенали и поненападни мерки на верификација отколку оние во сегашниот договор.

Вашингтон и Москва преговараат за замена на Договорот за намалување на стратешкото оружје од 1991-ва година, попознат како СТАРТ. Нешто порано годинава, претседателите Барак Обама и Дмитриј Медведев најавија дека планираат да го потпишат новиот договор на самитот за глобално затоплување во данскиот главен град.

Меѓутоа, Москва потоа сигнализираше дека не сака американски инспектори да ја набљудуваат нејзината главна фабрика за проектили, додека Вашингтон бара да продолжат досегашната транспарентност и мерки на верификација.

Во вторникот, портпаролот на американскиот Стејт департмент Пи Џеј Кроли кажа дека двете страни „се мошне блиску“ до постигнување на договор.

XS
SM
MD
LG