Линкови за пристапност

Сенатска комисија гласаше за втор мандат на Бен Бернанки


Сенатската комисија со 16 „за“ и 7 „против“ предложи втор мандат за директорот на мериканската централна банка Бен Бернанки. За номинацијата на првиот човек на Федералните резерви сега треба да решава Сенатот во полн состав.

Сенаторот Ричард Шелби, највишиот по ранг републиканец во Комисијата, беше меѓу оние кои гласаа против. Поддршка за Бернанки даде претседавачот со Комисијата, сенаторот – демократ Кристофер Дод.

Поддржувачите на политиката на Бернанки велат дека тој е заслужен што американската економија не западна во подлабока рецесија. Критиката, пак, истакнува дека тој навреме не обрнал внимание на предупредувачките знаци за финансиска криза.

Независниот сенатор Бернард Сандерс изјави дека ќе се обиде да го блокира потврдувањето на Бернанки во Сенатот во полн состав. Републиканскиот сенатор Џон Мекејн најави дека најверојатно нема да ја поддржи номинацијата.

Во средата, магазинот Тајм го прогласи 56-годишниот Бернанки за „личност на годината“ за 2009-та.

XS
SM
MD
LG