Линкови за пристапност

Македонија: Национален консензус или меѓупартиски препукувања


По одржувањето на заседението на Советот на министри на ЕУ на 7 декември, кога беше закклучено дека за датумот за преговри за членство за Македонија ќе се разговара во наредните шест месеци до кога се очекува и решение за проблемот со името, во јавноста во Македонија порасна потребата од изнаоѓање на национален консензус по прашањето за решението на спорот.

Аналитичарите и познавачи на проблематиката повикаа париите да се обединаат околу еден став кој ке се застапува во процесот на преговори. Слична порака упати и Амбасадорот на ЕУ во Макеоднија, Ерван Фуере, кој направи и обид да ги собере лидерите на полтичките партии со цел тие да се обединат околу ова прашање.

Македонија нема многу време за чекање, порача Ерван Фуере.

Но, наспроти потребата од консензус, во меѓувреме пораснаа меѓупартиските препукувања и обинувања на оваа тема. Власта ја обвини опозицијата дека застапува ставови кои се повеќе во интерс на Грција отколку на Македонија. На тоа опзцијата возврати со слични обинувања.

Денеска серијата на вербални препукувања продолжи. Власта обвини дека опозицијата кога била на власт е одговорна што прашањето за идентитетот станало дел од преговарачкиот процес.

„Со кој мандат во 2005 година некој си дозволил да го внесе идентитетот во преговорите и со кое право и со кој образ денеска се обвинува сегашната влада, која што со срце, со душа и аргументи се бори", вели Лилјана Поповска, од владеачката колација.

Од СДСМ ги отфрлија сите обвинувања, со тврдење дека со предлогот од 2005 не само што идентитетот не бил загрозен, туку бил и потврден. Но, тие говореа за предлогот од октомври - кој предвидуваше име Република Македонија напишано на латиница, без можност за англиска транскрипција.

„Тоа апсолутно не е точно. Кога зборуваме за предлогот од октомври 2005, каде што беше предложено Република Македонија да биде без транскрипција на латиница, таму предлогот што се понуди беше зачувување на македонскиот јазик и нација како македонски. Тоа е едно, и второ, да потсетам, дека Груевски во тоа време го одби тој предлог, и тоа жестоко го одби", рече Гордан Георгиев, потпретседател на СДСМ.

Во изјави за медимите аналитичарите предупредија дека ваквата полемика само ја влошува ионака лошата позција на Македнонија, а воедно одзема време и енергија кои би требало да бидат вложени во изнаоѓање на решение за проблемот со што ќе се овозможи Македоија да стане членка на НАТО и воедно да ги започне преговрите за членство во ЕУ.

XS
SM
MD
LG