Линкови за пристапност

Благодарение на ДНК-анализа - на слобода по 35 години затвор


Американецот Џејмс Бејн е ослободен по 35 години минати зад решетки откако ДНК-анализа покажала дека не виновен за силување на 9-годишно момче.

Бејн имал 19 години кога бил осуден на доживотна казна затвор за киднапирање и силување на момчето во Флорида. Судија од оваа сојузна држава четвртокот потпиша указ за негово ослободување, откако со современ ДНК-тест се докажало дека тој не е виновен.

54-годишниот Американец вели дека не е лут што бил погрешно обвинет и со нетрпение очекува да го мине времето на слобода со семејството.

Според Проектот невиновен, организација во САД која работи на ослободување на затвореници кои тврдат дека се погрешно обвинети, такба судбина доживеале 245 лица откако било извршено софистицирано ДНК-тестирање. Според организацијата, Бејн минал најдолго време зад решетки од сите ослободени лица.

XS
SM
MD
LG