Линкови за пристапност

САД понудија излез од ќорсокакот во Копенхаген


САД ветија дека ќе помогнат да се соберат 100 милијарди долари годишно за сиромашните земји да се справат со климатските промени – потег што би можел да даде нов импулс на климатската конференција на ОН во Копенхаген.

Државната секретарка Хилари Клинтон ова го најави по пристигањето на конференцијата во главниот град на Данска четвртокот, токму кога многумина виши официјални лица изразија сомневање дека ќе биде постигнат некаков значителен резултат. Клинтон рече дека средствата зависат од способноста на претставниците на конференцијата да постигнат цврст договор што ги вклучува сите поглавни економии. Таа сепак предочи дека САД нема да стават потпис на договор за намалување на емисијата на штетни гасови „што не би бил транспарентен“.

Ставот на САД е дека сите земји треба да се согласат на некаков вид на механизам на верификација, но Кина е против. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Џианг Ју, во Пекинг ги повика развиените земји да „покажат поголема искреност“ кога станува збор за намалувањето на емисијата на штетни гасови и да им помогнат на сиромашните земји да ги покријат трошоците за тоа.

XS
SM
MD
LG