Линкови за пристапност

Годината во ретроспектива: Нарко-војната на мексиканската граница


Два града, на рамнините до пустинските планини не можат да бидат поразлични. Ел Пасо, сојузната држава Тексас е рангиран за втор најбезбеден град во САД, но тој е лоциран на оваа страна од границата наспроти еден од најопасните градови во Мексоко, Хуарез.

И покрај масовното распоредување на вооружени трупи и полиција во областите познати по шверц со дрога, изминативе две години во насилство поврзано со дрогата во Хуарез, загинале околу 4.000 лица. Мексиканскиот претседател Филипе Калдерон ја започна војната со организираниот криминал кусо време откако ја презема функцијата во декември 2006 година. Иако и натаму ужива широка поддршка во јавноста за неговите напори, експертите велат дека резултатите не се најпогодни.

Во многу случаи, полицијата и војниците испратени да се борат против бандите за дрога, се обвинувани дека соработуваат со криминалците. Постојат и виши владини претставници, кои биле уапсени бидејќи земале поткуп од шверцерите со дрога.
Тоа наведе некои аналитичари за безбедносни прашања, како Фред Бартон од глобалната разузнавачка компанија Стратфор од Остин, Тексас, да го постават прашањето дали претседателот Калдерон може да ја добие оваа војна.

„Сето ова е со неверојатен предизвик и затоа Калдерон ја води војната на неколку фронта. Да не заборавиме дека тој се соочува со голем проблем со корупција, не знаејќи кому да му верува дури и во неговите редови“, смета Бартон.

Сратфор беше една од неколкуте организации кои порано годинава издадоа предупредување дека Мексико ќе пропадне доколку не ја добие војната со криминалните елементи.

Но антропологот Хауард Кембел од Универзитетот Ел Пасо во Тексас, вели дека таквиот тон не помага:

„Постојат неколку проблеми со таквиот став за пропаѓање на државата. Еден од нив е дека во Мексико, одеднаш, владата станала корумпирана, како да немало корупција во минатото. Ова може да е поголема корупција, заради нарко-картелите, но корупцијата не е нова работа во мексиканскиот политички систем“, вели Кембел.

Овој експерт додава дека е во интерес на САД и Мексико, да ги спречат криминалните банди да преземат конторола врз Хуарез или кој било друг дел од Мексико.

Но, американската влада ги гони шверцерите со дрога и северно од границата со Мексико. Вашингтон обезбеди финансиска помош за владата на Калдерон и координира напори за борба против картелите со мексиканските власти.

За време на неодамнешна дискусија за илегалната дрога, Гари Хејл од Канцеларијата за борба против дрогата со седиште во Хјустон, истакна дека еден показател за постигнат напредок е дека картелите почнуваат да бараат други извори на приходи, а на дрога отпаѓаат само околу 20 проценти од нивниот профит. Тоа за Хејл значи дека „имаме влијание на нивните можности да направат пари, и тоа многу пари, нивниот единствен извор за пари – дрогата.“

Ширењето на криминалните организации во други области, не е добра вест за мексиканските граѓани затечени среде оваа војна. Киднапирања, кражби на автомобили и оружени кражби, направи многумина Мексиканци да се чувствуваат несигурно. Тие се надеваат дека на одреден начин владините напори за справување со криминалот, ќе дадат подобри резултати годината што следи.

XS
SM
MD
LG