Линкови за пристапност

Разговори на високо ниво во Пакистан за авганистанската стратегија


Виш американски воен офицер се наоѓа во Пакистан на разговори со високи официјални лица, вклучувајќи го и генералот Ашрак Кајани за пакистанската ролја во сузбивање на бунтовништвото во соседен Авганистан.

Шефот на здружените американски сили, адмиралот Мајк Мулен допатува во Пакистан од Авганистан и се сретна со пакистанскиот генерал Тарик Махид. Во соопштение од пакистанската армија се вели дека двајцата дискутирале за регионалната безбедноста ситуација со фокус на новата американска стратегија во Авганистан.

САД испраќаат дополнителни 30.000 војници во Авганистан за борбата со талебанските бунтовници. Пакистан е под силен меѓународен притисок да ги ги искорени терористичките групи долж границата.

Во последната офанзива во пакистанската провинција во Јужен Вазиристан, еден војник и шест осомничени милитанти загинаа во изминатите 24 часа.

Официјални лица соопштија дека најмалку 21 осомничен милитант загинале за време на офанзивата во централниот регион Курам.

XS
SM
MD
LG