Линкови за пристапност

Бернанке е „Личност на годината“ на Тајм


Магазинот Тајм го избра претседавачот на американските федерални резерви Бен Бернанке, за „Личност на годината“ за 2009-та.

Уредникот на Тајм Ричард Стенгел рече дека економската рецесија била приказна број еден изминатава година, и без Бернанке, рецесијата би била многу полоша.

Дописникот на Тајм Мајкл Грунвалд напиша дека Бернанке не само што ја повратил американската монетарна политика, туку ги предводел напорите за спас на светската економија.

Федералните резерви се централна банка во САД која ја надгледува и регулира монетарната политика на нацијата, банките и финансиските системи.

56-годишниот Бернанке беше именуван за претседавач со федералните резерви во 2006-та од поранешниот претседател Џорџ Буш.

Во трката за “Личност на годината“ при изборот на Тајм беа главниот американски командант во Авганистан, генералот Стенли МекКристал, кинески работник, спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и спринтерот од Јамајка Усаин Болт.

XS
SM
MD
LG