Линкови за пристапност

Приведено лице во близина на болничката соба на Берлускони


Италијанската полиција приведе лице во близина на болничката соба каде се наоѓа премиерот Силвио Берлускони, кој се опоравува од нападот во кој се здоби со скршен нос и скршени заби.

Полицијата соопшти дека лицето било совладано на седмиот кат на болницата во Милано, каде се опоравува Берлускони.

Официјални лица велат дека лицето тврдело дека сака само да зборува со Берлускони. 26-годишниот што се обидел да изврши упад во собата бил невооружан за време на апсењето и имал ментални проблеми.

Премиерот Берлускони беше нападнат од лице кое фрли статуетка врз него на митинг во Милано. Полицијата го уaпси 42-годишниот осомничен Масимо Тарталја и обелодени дека имал историја на ментална болест.

XS
SM
MD
LG