Линкови за пристапност

Астрономите открија планети налик на Земјата


Откритието вклучува три планети кои орбитираат околу ѕвездата Виргинис 61, налик на Сонцето, што е релативно близок сосед, на оддалеченост од околу 28 светлосни години. Сите новооткриени планети околу оваа ѕвезда, се значително поголеми од Земјата, вклучувајќи ја таканаречената „супер Ѕвезда“ која е пет пати поголема од нашата планета.

Астрономите открија и уште една планета налик на Земјата, која кружи околу ѕвездата наречена ХД 1461, на оддалеченост од 76 светлосни години. Оваа планета е 7,5 пати поголема од Земјата, но многу помала од огромните планети како Јупитер и Сатурн. Научниците додаваат дека во соларниот систем на ХД 1461, можно е да постојат уште две други планети.

Астрономите велат дека ѕвездите 61 Вергинис и ХД 1461 се многу слични со Сонцето во однос на големината, интензитет на светлината и градба.

Грегори Лофлин, астроном од Универзитетот Калифорнија, помогнал во анализата на комбинацијата податоци добиени од телескопите на Хаваите и Австралија, што резултираше со најновото откритие.

„Новооткриените планети, можно е да бидат налик на Земјата во смисла на нивниот состав, во голем дел од карпи и метал. Но возбудата во откритието е што отвараат можност за планети што личат на Земјата за многу краток временски период, во рок од неколку години“, вели Лофлин.

Астрономите ги откриле новите планети користејќи индиректни набљудувања од Земјата.

„Кога планетата кружи околу ѕвезда, ја придвижува напред и назад и кога таа е поблизу за човековото око, светлината е нешто посина, а кога се оддалечува од вас, таа е поцрвена. Поседуваме спректограф, инструмент што може да ги забележи овие мошне суптилни промени. Нас ни дозволува да го забележиме присуството на планетите што кружат околу ѕвездата“, смета Лофлин.

Досега надвор од нашиот сончев систем, откриени се околу 400 планети, а изминатата година, научниците рекоа дека е очигледно оти планетите вообичаено кружат околу соседни ѕвезди.

XS
SM
MD
LG