Линкови за пристапност

Иран тестираше усовршена верзија на проектил со долг домет


Иран изведе тест на усовршен тип на проектил со долг домет.

Државната телевизија во среда емитуваше видео снимка од лансирањето на ракетата Сеџил 2, оценувајќи го тестот како успешен.

Проектилот има домет од околу 2.000 километри со капацитет да достигне до Израел и американски воени бази во југоисточна Европа.

Иранскиот министер за одбрана, Ахмад Вахиди, изјави дека целта на акцијата била да има застрашувачки ефект и дека проектилот поседува брзина и способност за маневрирање што прави невозможно да биде уништен.

Британскиот премиер Гордон Браун, истакна дека лансирањето на проектилот ја потврдува потребата од воведување на дополнителни санкции спрема Техеран, кој е во спор со Западот околу неговата нуклеарна програма.

XS
SM
MD
LG