Линкови за пристапност

Обама е „внимателен оптимист“ дека Конгресот ќе ги усвои реформите во здравството


Американскиот претседател Барак Обама вели дека меѓу законодавците и натаму постојат разлики за крајниот предлог за реформи во системот за здравство, но верува дека САД се близу до постигнување договор, што не било случај за време на претходните администрации.

Во изјавата по средбата со сенаторите – демократи во Белата куќа, Обама истакна дека тој е „внимателен оптимист“ за можноста законодавците да ја усвојат легислативата за реформи во здравството.

Американскиот претседател додаде дека мерката, во сегашна форма, нема да го зголеми дефицитот, ќе обезбеди здравствено осигурување за 30 милиони Американци кои го немаат и ќе значи имплеметација на „извонредни“ реформи во индустријата за здравствено осигурување.

Обама рече дека конечната верзија на легислативата нема да ги вклучи сите можни барања, но додаде дека разликите не треба да бидат пречка за процесот на усвојување на мерката.

XS
SM
MD
LG