Линкови за пристапност

Пораст на инфлацијата во САД; Каматните стапки исти


Клучното мерило на инфлацијата во САД, покажува дека за месец ноември цените забележале пораст од четири десетини од процентот, што се случи нешто побрзо од зголемувањето регистрирано во октомври.

Изминатава година, Индексот на потрошувачката порасна за скромни 1,8 проценти.

Извештајот на Одделот за труд беше објавен во исто време кога виши претставници на американската Централна банка разговараат за инфлацијата и за други прашања, креирајќи ја политиката за каматни стапки.

Федералните резерви објавија дека нивото на каматните стапки ќе остане непроменето, меѓу 0 и 0,25 проценти.

Владата се бори против инфлацијата, преку зголемување на каматните стапки, активност што ја забавува економијата и ги зголемува цените на производите. Во моментов 10-те проценти невработеност прави тие да бидат позагрижени. Експертите се надеваат дека токму ниските каматни стапки ќе го поттикнат економскиот развој.

XS
SM
MD
LG