Линкови за пристапност

Некои притвореници од Гвантанамо ќе бидат префрлени во затвор во Илиноис


Официјални лица од Белата куќа изјавија дека претседателот Барак Обама наредил федералната влада да организира префрлање на околу сто осомничени терористи, кои сега се наоѓаат во Гвантанамо, во државниот затвор во Илиноис.

Затворот се наоѓа во Томсон, рурален град на околу 240 километри западно од Чикаго. Тој има 1600 ќелии и е изграден во 2001-ва за затвореници со масимално обезбедување, но е речиси празен.

Гувернерот на сојузната држава Илиноис Пет Квин и американскиот сенатор Ричард Дурбин ја промовираа идејата да се искористи овој објект со месеци, истакнувајќи дека ќе отвори илјадници очајно потребни работни места во областа.

Денеска треба да се објави официјалното објавување на договорот.

Претседателот ја потпиша наредбата за затварање на притворниот центар во Гвантанамо за една година, само неколку дена по стапување на функцијата.

XS
SM
MD
LG