Еден ден откако едни од главните спонзори на професионалниот голфер Тајгер Вудс, соопштија дека го прекинуваат договорот со него, неколку други компании одлучија да ја продолжат соработката.
Консултатската куќа Аксенчер во неделата рече дека го прекинува шестгодишниот договор со Вудс поради тоа што, како што кажа, „тој повеќе не е вистинскиот претставник“ за рекламирање на нејзините услуги, во услови кога Вудс призна за неговите вонбрачни афери.
Во понделникот, најголемиот спонзор на Тајгер Вудс, гигантот за спортска према Најк, соопшти дека останува со него. Компанијата го нарече „најдобриот голфер на светот“ и дека тој и неговото семејство можат да очекуваат „целосна поддршка“.
Меѓу компаниите кои остануваат во соработка со Вудс се швајцарскиот производител на часовници Таг Хојур и компанијата за видео игри Електроник артс.