Линкови за пристапност

Во бомбашки напад во Пакистан 18 загинати


Пакистански официјални лица велат дека бомбаш-самоубиец убил 18 лица, а повредени се 25 во централен Пакистан.

Официјални лица велат дека експлозијата се случила на пазарот во близина на домот на политичар во градот Дера Гази Кан.

Нападот е последен од серијата бомбашки напади во кој загинаа повеќе од 500 лица во Пакистан од октомври наваму.

Официјални лица потврдија дека исламистичките милитанти возвраќаат на армиската офанзива против Талебан во племенскиот регион на Јужен Вазиристан.

Минатата недела, пакистанскиот премиер соопшти дека армиската офанзива која трае скоро три месеци во Јужен Вазиристан е успешна и властите ја разгледуваат можноста за почнување нов напад врз упориштето на племенската заедница Оракзаи.

Пакистан тврди дека околу 600 милитанти на Талебан и 80 војници загинале во операцијата откако почнала пред два месеци. Тешко е да се потврди информацијата затоа што армијата не дозволува присуство на новинари и хуманитарни работници во регионот каде се војува.

XS
SM
MD
LG