Линкови за пристапност

Осуммина загинати во бомбашки напад во Кабул


Авганистански официјални лица соопштија дека во самоубиствен бомбашки напад во Кабул загинаа најмалку осум лица, а повредени се 40-тина.

Властите потврдија дека бомбашот се разнел пред хотелот Хетал и домот на поранешниот авганистански потпретседател во областа, Вазир Акбар Кан, во Кабул. Експлозијата го уништила хотелот и соседните згради.

Во хотелот Хетал отседнуваат главно странци. Нејасно е дали мета на нападот на бомбашот бил хотелот или поранешниот потпретседател.

Експлозијата доаѓа во време кога законодавците, владините официјални лица и странски амбасадори се наоѓаат во Кабул на конференција за борбата против корупцијата.
За време на говорот на конференцијата, авганистанскиот претседател Хамид Карзаи го осуди бомбашкиот напад и го окарактеризира како терористички напад против човештвото и исламот.

XS
SM
MD
LG