Линкови за пристапност

Пронајдени исчезнатите електронски пораки од Белата куќа


Две граѓански групи велат дека комјутерски техничари ги пронашле 22-те милиони електронски пораки од Белата куќа, кои се сметаа дека исчезнале за време на администрацијата на претседателот Буш.

Групите Граѓани за одговорност и етика во Вашингтон и Архива за национална безбедност, соопштија дека пораките биле пронајдени на резервни ленти и се планира да и` бидат достапни на јавноста, заедно со другите претседателски податоци.

Групите велат дека со Белата куќа склучиле правен договор, што ќе резултира со подобро чување на информациите во иднина.

Според судската одлука од минатата година, групите можеа да спроведат истрага за праксата на Белата куќа во однос на прашањето, откако администрацијата на претседателот Буш потврди дека ги рециклирала резервните ленти пред октомври 2003 година, наместо да ги архивира.

Периодот кога исчезнаа електронските пораки се совпадна со почетокот на војната во Ирак и пропустот на разузнавањето при што беше откриен идентитетот на агент на ЦИА.

Минатата година претставници на администрацијата на претседателот Буш рекоа дека немаат докази оти се исчезнати какви било електронски пораки.

XS
SM
MD
LG