Линкови за пристапност

Сенаторите – демократи на средба со претседателот Обама за реформите во здравството


Сенаторите од Демократската партија денеска во Белата куќа ќе се сретнат со претседателот Обама, во надеж дека ќе постигнат траен договор за мерката за реформи во здравствениот систем.

Целиот демократски кокус се состана синоќа по повод последниот приговор од страна на сенаторот од Конектикат, Џозеф Либерман, кој не се согласува на неосигурените Американци на возраст меѓу 55 и 64 години, да им се даде можност да купат здравствено осигурување од владината програма на која сега имаат право само постари лица.

Можно е да се отфрли планот за проширување на оваа програма, зашто противењето на Либерман значи еден глас помалку од потребните 60, неопходни за спречување и тактика на одолговлечување, што во тој случај би ја примениле опозиционите републиканци. Како резултат на тоа пак, може да се прекине постапката на усвојување на законот.

Либерман е независен сенатор и честопати се приклучува на ставовите на демократското мнозинство во Сенатот.

XS
SM
MD
LG