Линкови за пристапност

Копенхаген: Големите разлики ги закочија климатските разговори


Се зголемува загриженоста дека напорите за борба против глобалното затоплување ќе пропаднат доколку разговорите во Копенхаген не се загреат.

Преговарачите од цел свет велат дека клучните разлики остануваат додека се подготвува продолжението на разговорите во вторник. Многу светски лидери е планирано да пристигнат подоцна неделава во надеж дека ќе има потпишување на конечниот документ.

Кина ги обвинува развиените држави за одредена „регресија" по ветувањата дека ќе им помогне на сиромашните нации да се справат со климатските промени.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи во Пекинг во вторник кажа дека финансиската поддршка е „клучен услов" за успех на самитот.

Пред заминување за Копенхаген, во понеделникот, генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун рече дека и натаму има верба, но додаде – ако разговорите пропаднат, тоа ќе биде „неуспех со потенцијално катастрофални последици."

XS
SM
MD
LG