Линкови за пристапност

НАСА го лансираше сателитот Вајс


Американската агенција за истражување во вселената, НАСА лансираше нов вселенски телескоп со кој научниците ќе можат да го видат универзумот поблизу од кога било порано.

Сателитот наречен Вајс (WISE) беше лансиран во понеделникот, од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија.

Претставници на НАСА велат дека сателитот ќе кружи околу двата пола на земјината топка, скенирајќи го небото еден ипол пат за девет месеци. Телескопот ќе ги набљудува промените на небото во ултравиолетова светлина за да може да направи фотографии од светлината на стотиците милиони објекти.

Научниците очекуваат мисијата да открие скриени космички објекти, вклучувајќи ѕвезди, астероиди и галаксии.

Новиот сателит ќе орбитира на околу 500 километри над површината на Земјата.

XS
SM
MD
LG