Линкови за пристапност

Хуманитарна група: Кризата во јужен Судан се влошува 


Меѓународната хуманитарна група Лекари без граници вели дека насилството во јужен Судан се интензивира и дека на населението му е потребна итна помош.

Во својот извештај, објавен во понеделникот, групата наведува дека 2009 била најнасилна година на југот на земјата откако во 2005-та беше постигнат мировен договор со северен Судан со што беше ставен крај на дводецениската граѓанска војна.

Во извештајот стои дека насилството ја влошува и онака лошата здравствена ситуација во земјата. Лекарите без граници сметаат дека 75 проценти од населението во јужен Судан нема пристап до медицинска грижа.

Во државата Џонглеи годинава имаше неколку вооружени инциденти меѓу спротивставените племиња. Властите во полуавтономниот јужен дел го обвинуваат северот дека ги поттикнува овие судири за да го поткопа мировниот договор од 2005-та година.

ОН велат дека во насислството загинале околу 2.000 лица, а други 250.000 останале бездомни.

XS
SM
MD
LG