Американскиот
претседател Барак Обама вели дека големите банки треба да дадат повеќе заеми на
малите бизниси и да престанат да ги
блокираат финансиските реформи.
Обама зборуваше
во понеделник по средбата со раководителите на банките што ги повика во
Белата куќа.
Тој рече дека банките биле спасени со владини заеми за вонредни ситуации за
време на финансиската криза, заради што сега
тие имаат „исклучителна"
обврска да и` помогнат на економијата да се
опорави.
Претседателот исто така се жалеше што банките
вршат притисок на членови на Конгресот да го блокираат пакетот реформи
предложени од администрацијата на Обама за кој поддржувачите велат дека се со намера да спречат идни финансиски проблеми.