Линкови за пристапност

Берлускони се опоравува во болница


Италијански медицински лица велат дека премиерот Силвио Берлускони ќе остане болница уште еден ден, откако беше нападнат на политички собир во Милано.

Лекарите велат дека поради силниот удар, ќе бидат потребни 20-тина дена за премиерот да се опорави од скршениот нос и заби. Надлежните додаваат и дека 73-годишниот Берлускони тешко конзумира храна и дека и натаму има болки.

Во меѓувреме, пред главната врата на болницата е поставена плаката со порака за брз опоравок на премиерот на Италија и со зборовите – „вистинските Италијанци се секогаш со вас“.

Напаѓачот, 42-годишен човек со нарушено ментално здравје, е во притвор.

XS
SM
MD
LG