Линкови за пристапност

Обама ги повика претставниците на големите банки во САД на разговор


Извршните директори од некои од најголемите банки во САД ќе се сретнат со претседателот Барак Обама, еден ден откако тој го критикуваше нивното работење.

Американскиот лидер ги критикуваше банките кои добија владина помош за да ја преживеат финансиската криза, велејќи дека не сториле многу за да и` помогнат на економијата за возврат.

Во интервјуто за телевизијата Си-Би-Ес, Обама истакна дека не се кандидирал за функцијата за да им помогне на „група богати банкари на Вол стрит“.

Владини претставници најавија дека денешната средба ќе се фокусира на поголема достапност на заемите за потрошувачите и малите бизниси, како и добивање поддршка за новите финансиски регулативи.

Претставници од банкарската индустрија пак велат дека извршното раководство планира да понуди алтернативни решенија.

Во меѓувреме, банкарскиот гигант Ситигруп соопшти дека на владата ќе и` го отплати долгот од 20 милијарди долари.

XS
SM
MD
LG