Претставници од некои од најсиромашните земји во светот ја напуштија конференцијата за климатски промени, што под спонзорство на ОН се оддржува во Копенхаген. Земјите во развој тоа го сторија во знак на протест поради слабата поддршка за клучниот договор со кој би се намалило испуштањето на штетните гасови во атмосферата.
Овие земји, вклучувајќи повеќе африкански држави се залагаат за продолжување на Договорот од Кјото, единствениот договор со кој индустријализираните земји се обврзани да ги намалат штетните гасови кои с се сметаат за главен причинител за глобалното затоплување. Но овој пристап не наиде на поддршка од богатите земји.
Индустријализираните држави велат дека Кјото не ги вклучува САД, Кина, ниту земјите во развој, кои пак се заканија дека нема да се вратат на разговорите, се` додека не се реши спорот.