Кина вели дека зголемувањето на популацијата има влијание врз климатските промени и дека треба да се земе предвид при секаква сеопфатна солуција за глобалното затоплување.
Кинески официјалeн претставник на конференцијата за климатски промени во Копенхаген рече дека кинеската државна политика за едно дете во семејство помогнала да се забави глобалното затоплување.
Пекинг вели дека 30-годишната политика резултирала со 400 милиони помалку раѓања во земјата.
Вицепремиерот на кинеската Комисија за националната популација и планирање на семејството рече дека опаѓањето на растежот на населението резултирало со намалување од околу две милијарди тони јаглерод диоксид на годишно ниво.
Кина е еден од најголемите загадувачи со испуштање емисија на штетни гасови во атмосферата, кои се сметаат за причина за глобалното затоплување.
Делегатите од околу 190 држави се среќаваат во главниот град на Данска во обид да постигнат договор за нова спогодба за климатските промени, која треба да го замени протоколот од Кјото, што истекува во 2012-та.