Линкови за пристапност

Уставниот суд на Турција ја забрани Курдската политичка партија


Високиот суд во Турција ја забрани главната курдска политичка партија, која е поврзана со курдските сепаратистички бунтовници и беше во фокусот на активностите против државата.

Шефот на 11-члениот Уставен суд на Турција, Хасим Килик, ја објави едногласната одлука против Демократската општествена партија ( ДТП ) во петокот, по неколкудневно разгледување на предметот.

Главниот обвинител на Турција отвори случај против партијата и ја обвини за врска со бунтовничката група позната како Курдистанската работничка партија или ПКК. Демократската општествена партија ги отфрла обвинувањата.

ДТП има 21 место во 550-члениот Парламент во земјата. Пред да биде објавена одлуката, лидерот на ДТП Ахмет Турк рече дека законодавците од оваа партија не планираат да останат во парламентот како независни пратеници.

Уставниот суд на Турција претходно ги забрани и другите про-курдски партии.
Денешната одлука на судот најверојатно ќе ги искомпликува напорите на турската влада за помирување со курдското малцинство.

Владата планира бројни реформи кои ќе ги прошират правата на курдската популација.

Бунтовнциите од ПКК се борат за курдска автономија во југоисточна Турција веќе 25 години. Повеќе од 40.000 лица загинаа во конфликтот.

XS
SM
MD
LG