Линкови за пристапност

САД: Убиен виш лидер на Ал Каида во Пакистан


Американски претставници велат дека во напад со беспилотно летало во северозападен Пакистан, бил убиен виш лидер на Ал Каида.

Властите не го идентификуваа лицето, но рекоа дека не се работи за лидерот на Ал Каида, Осама бин Ладен.

Порано неделава, пакистански претставници соопштија дека најверојатно од напад со американско беспилотно летало, биле убиени најмалку три лица во северозападен Пакистан.

Американски претставници на разузнавањето велат дека нападите со беспилотни летала зачестиле откако Барак Обама ја презеде претседателската функција.

Во меѓувреме, пакистанската армија соопшти дека во актуелните воени операции против Ал Каида и Талебан во северозападниот регион на граница со Авганистан, биле убиени најмалку 17 милитанти. Армијата додаде и дека притоа животот го загубиле двајца војници, а биле уапсени 36-мина осомничени милитанти.

XS
SM
MD
LG