Линкови за пристапност

Пакистан вели нема да ги депортира петтемина уапсени Американци


Пакистанскиот министер за внатрешни работи, Ремен Малик, вели дека петтемина Американци, кои неделава беа уапсени во провинцијата Пунџап, нема да бидат веднаш депортирани во САД.

Лицата биле уапсени под сомнение дека се обиделе да се приклучат на исламски милитантни групи.

Малик додаде дека локалните власти најпрво ќе одредат дали овие лица прекршиле одреден закон во државата.

Новинската агенција Ројтерс го цитира Усман Анвар, шеф на полицијата во градот Саргода, каде беа уапсени лицата, како вели дека локалните власти ги обвинуваат за „кибернетски активности на странски државјани во Пакистан.“

Анвар вели дека овие лица го користеле Ју-Туб и други интернет страници, во обид да контактираат милитанти во Пакистан, пред да отпатуваат во земјата. Локалните власти изјавија дека Американците рекле дека отпатувале за да се приклучат на „џихад“, или света војна.

Американските државјани беа уапсени во домот на Џаиш-и-Мухамед, лидерот на забранетата милитантна група, Армија на пророкот Мухамед во Саргода. Властите рекоа дека за време на рацијата во домот биле одземени комјутери и мапи.

XS
SM
MD
LG