Вашингтон пост и Њујорк тајмс велат дека персонал на приватната компанија која нуди безбедносни услуги, претходно позната како Блеквотер ворлдвајд, учествувала во тајни операции на ЦИА за апсење или убиство на бунтовници во Ирак и Авганистан.
Според извештаи во овие весници, американската Централна разузнавачка агенција побарала од вработени во Блеквотер да учествуваат во рации, што претставува отстапка од договорот со кој компанијата се ограничува исклучително на давање обезбедување на агенти на ЦИА.
Новите информации фрлаат нова светлина на компанијата се седиште во сојузната држава Северна Каролина, која се наоѓа под надзор откако во 2007-ма година во Багдад беа убиени 17 ирачки цивили. За поврзаност со инцидентот се обвинети петмина телохранители на Блеквотер кои обезбедувале дипломатски конвој.
Притоа, се интензивира загриженоста меѓу законодавците во врска со користењето на услугите на договорни работници и независни компании кои нудат услуги на владата, во вакви чувствителни операции.