Линкови за пристапност

Ветување за борба против глобалното затоплување од Брисел и Копенхаген


Преговарачите во Брисел и во Копенхаген работат на изнаоѓање солуции за борба против глобалното затоплување.

ЕУ во петок соопшти дека дава 3,5 милијарди долари годишно за земјите во развој во текот на наредните три години за борба против климатските промени.

Гордон Браун од Британија и Николас Саркози од Франција порано во петокот рекоа дека ќе придонесат со повеќе од две милијарди долари на фондот.

Парите треба да бидат дадени пред да стапи во сека каков и да е договор постигнат на меѓународните разговори за глобалното затоплување во Копенхаген.

Првиот нацрт-документ, пак, во Копенхаген повикува светот да го намали испуштањето штетни гасови за 50 проценти од нивото на 1990 до 2050 со тоа што богатите земји ќе го имаат водството.

Францускиот претседател Николас Саркози во петок кажа дека неговата држава ќе ја намали ваквата емисија од нивото на 1990 за 30 проценти до 2020.

XS
SM
MD
LG