Линкови за пристапност

Роберт Гејтс предупредува на нови санкции против Иран


Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс вели дека очекува да бидат воведени „многубројни“ дополнителни санкции против Иран заради неговата нуклеарна програма.

Во обраќањето пред американските трупи за време на посетата во Ирак во петок, Гејтс истакна дека начинот да се избегне Иран вооружен со нуклеарно оружје, е да се изготви пакет на отстапки и дестимулативни мерки.

Американскиот секретар за одбрана додаде дека санкции се можни, но ќе се промени планот доколку иранските лидери „го сменат курсот“ и ги следат договорите постигнати во октомври.

Тој алудираше на договорот поддржан од ОН, а кој повикува Иран да испрати полузбогатен ураниум на натомошна преработка во странство. Иран ја отфрли оваа идеја.

Западните држави се сомневаат дека Иран се обидува да произведе атомско оружје – обвинение што Техеран го порекнува.

Во меѓувреме, во ОН, амбасадорите на САД, Франција и Британија изразија поддршка за можноста за дополнителни санкции против Иран, но амбасадорите на Русија и Кина повикаа на воздржаност и трпение.

XS
SM
MD
LG