Линкови за пристапност

САД и Русија полемизираат околу независноста на Косово


Меѓународнот суд за правда со седиште во Хаг го привршува распитот за унилатераланата одлука на Косово да прогласи независност.

Делегации од САД и Русија пред судот изнесоа ставови „за“ и „против“ одлуката на Косово од 2008 година да се отцепи од Србија и да прогласи независност.

Случајот беше будно следен и од земјите кои имаат провинции со аспирации за одвојување, вклучувајќи ги Русија, Кина и Шпанија, кои стравуваат дека Косово може да постави преседан по прашањето.

Рускиот амбасадор во Холандија, Кирил Геворгијан пред 15-члениот суд рече дека прогласувањето на независност од страна на Косово, е во спротивност на резолуциите на ОН.

„Режимот според резолуцијата го штити територијалниот интегритет на Србија и оневозможува каква било унилатерална акција на Косово, без оглед дали доаѓа од албанската заедница или од Белград“, вели Геворгијан.

Правниот советник од американскиот Стејт департмент, Харолд Хонџу Кох, смета дека отцепувањето на Косово од Србија не значи прекршување на меѓународното право и дека тоа е резултат на волјата на народот.

„Го повикуваме судот декларацијата на Косово да ја остави каква што е, сеедно дали преку одбивање да дадеме свое мислење или преку позитивен одговор на прашањето – дали прогласувањето на независност од страна на Косово е согласно со меѓународното право“, вели Кох.

САД велат дека отцепувањето на Косово е резултат на неуспехот Косово и Србија да постигнат политичко решение за време на преговорите под покровителство на меѓународната заедница по војната во `90-те години.

Притоа загинаа околу 10.000 етнички Албанци, а околу милион се разместени. Загинаа и стотици Срби.

НАТО изведе 78-дневен бомбашки напад врз Србија, за да ги прекинат активностите на режимот на поранешниот претседател Слободан Милошевиќ, поради аспирациите на етничките Албанци за независност на покраината.

Оттогаш наваму Косово како независна држава го признаа преку 60 земји, но преку 100 се` уште го немаат сторено тоа, вклучувајќи ги Русија и Кина.

Распитот во Меѓународниот суд за правда во Хаг се очекува да заврши во петок. Судот нема да донесе пресуда, но на барање на Србија ќе даде мислење за законитоста на косовската независност. Мислењето се очекува за неколку месеци.

XS
SM
MD
LG