Линкови за пристапност

На Денот на човековите права ОН повикуваат на крај на дискриминацијата


ОН велат дека нетолеранцијата, предрасудите и дискриминацијата се во срцето на злоупотребата на човековите права. Одбележувајќи го Денот на човекови права, ОН ги повикуваат владите и народите ширум светот да ги почитуват актуелните меѓународни права и стандарди за да ги заштитат човековите права.

Високиот комесар за човекови права, Нави Пилаи, признава дека понекогаш и таа била обвинувана за дискриминација против другите.

„И во мојот живот, како возрасна, мора да признаам дека дури и моите деца ми рекле дека понекогаш се однесувам како расист“, вели Пилаи.

Таа додаде дека минувајќи го детството во Јужна Африка, за време на ерата на апартхејдот, црните луѓе и другите припадници на малцинствата на белците гледале како на угнетувачи.

„Како дете и во млади години страдав од комплексот на помала вредност. Мислев дека поради бојата на кожата, грда сум и не вредам“, изјави Пилаи.

Пилаи е од тамилско потекло, но растела во сиромашен квард во Дурбан. Со тек на време успеала да ја надмине дискриминацијата во услови на апартхејдот и станала првата жена што не е бела, со функција во Високиот суд во Јужна Африка.

Но, таа вели дека стотици милиони други луѓе ширум светот не биле во можност да ја надминат дискриминацијата што влијае на нивните човекови права.

Меѓу жртвите, ОН ги издвојуваат жените и девојките кои се изложени на дискримација на најразлични начини и во сите општества во светот. Се наведува дека малцинствата се соочуваат со сериозни закани, дискриминација, расизам, а локалното население честопати е маргинализирано и лишувано од основните човекови права.

Пилаи вели дека не постои земја во светот каде нема злоупотреба на човековите права. Сепак, вели таа, повеќето развиени земји имаат деморкатски институции, така што тие можат да обврнат внимание на проблемите за овој тренд, споредено со земјите во развој.

Таа додаде дека е особено загрижена заради третманост на имигрантите. Пилаи вели дека иако ова е глобално прашање, особено е актуелно за земјите во развој.

„Европа ја нема ратификувано Конвенцијата за заштита на имигрантите и нивните семејства. Имаме документирани случаи за криминални активност врз илегални имигранти, долг период на нивно притворање, заедно со нивните деца, или издавање налог за итна депортација“, вели Пилаи.

Таа наведува дека политиката на државите во однос на мигрантите е – да се држат надвор. Таа смета дека ова треба да се промени, зашто тие имаат способности и вештини што може да бидат од корист.

XS
SM
MD
LG