Американскиот секретар за одбрана, Роберт Гејтс, кој се наоѓа во ненајавена посета на Ирак, ќе се сретне со претседателот Џалал Талабани, премиерот Нури Ал Малики, и со виши американски команданти.
Посетата на Гејтс на Ирак уследи по неговиот престој во Авганистан, и само неколку дена по координираните бомбашки напади во Багдад, во кои загинаа 127, а беа повредени 400 лица.
Одговорноста за нападот ја презеде групата позната како Исламска држава Ирак, поврзана со Ал Каида. Групата предупреди од дополнителни напади, велејќи дека листата на цели нема да заврши. Истата група ја презеде одговорноста и за два претходни големи бомбашки напада во Багдад.
Во меѓувреме, ирачкиот премиер Нури Ал Малики ќе присуствува на специјална сесија на ирачкиот парламент за да се соочи со прашањата на законодавците за тоа како бунтовниците успеале да изведат три масивни напади во Багдад од август, наваму.