Линкови за пристапност

Трговскиот дефицит на САД намален, пријавите за невработеност зголемени


Американскиот трговски дефицит се намалил за 7,6 проценти во октомври, со помош на слабиот долар што го поттикнал извозот.

Извештајот од четврток, од Одделот за трговија, покажува дека јазот меѓу тоа што Американците продаваат во странство и тоа што купуваат од странци се намалил на 32,9 билиони во текот на изминатиот месец.

Економиите во светот што се опоравуваат ја зголемија побарувачката за американски авиони, полупроводници и автомобили.

Подобрувањето на трговскиот дефицит исто така се должи делумно и на намалената побарувачка на САД за увезена нафта.

Друг извештај на Одделот за труд покажува дека бројот на Американци кои се пријавиле за компензација заради невработеност пораснал минатата недела, што ја промени насоката на трендот од последниве неколку недели кога имаше подобрување.

Бројот на новоотпуштени работници пораснал за 17.000 и достигнал 474.000.

XS
SM
MD
LG