Линкови за пристапност

Претседателот Обама ја прими Нобеловата награда за мир


Американскиот претседател Барак Обама ја прими Нобеловата награда за мир за 2009 со признание дека тој е на почетокот на „работата на светската сцена.“

На церемонијата на доделување на наградата во четврток во Осло, Норвешка, Обама кажа дека „неговите постигнувања се мали“ споредено со други нобелови лауреати како Мартин Лутер Кинг Џуниор и Нелсон Мандела. Тој рече дека активистите кои биле „затворани и тепани заради потрагата по правда“, или кои служат како хуманитарци во светот се многу позаслужни за таа почест.

Претседателот од само една година исто така зборуваше за иронијата на прифаќање на Нобеловата награда за мир додека се подготвува да испрати дополнителни 30.000 американски трупи во Авганистан. На присутните на церемонијата тој им кажа дека војната против Талебан и терористичката мрежа ал-Каида била конфликт што САД не го барале – што е референца на одговорот на терористичките напади на Њујорк и Вашингтон од 11-ти септември 2001.

Претседателот Обама кажа дека ја признава „тешката вистина“ дека војната никогаш нема да биде искоренета во нашиот животен век.

Обама го цитираше американскиот лидер за човекови права Мартин Лутер Кинг Џуниор, од неговиот говор при прифаќање на наградата во 1964, велејќи дека „насилството никогаш не носи траен мир.“ Но претседателот кажа дека во неговата улога како шеф на држава, тој треба да се соочи со светот таков каков што е.“

Американскиот лидер кажа дека ќе има времиња кога нациите ќе откријат дека употребата на сила „не само што е неопходна, туку и морално оправдана.“

Претседателот и неговата сопруга Мишел отидоа во Нобеловиот институт по пристигнувањето во Осло, каде се потпишаа во книгата на гости и разгледаа фотографии на претходни добитници.

Обама ќе ги даде парите од наградата, околу 1,4 милиони долари, за добротворни цели.

XS
SM
MD
LG