Линкови за пристапност

Петреус: Напредокот во Авганистан ќе биде бавен


Генералот на американската армија, Дејвид Петреус, вели дека напредокот против бунтовниците во Авганистан ќе се одвива побавно споредено со операцијата на американските сили во Ирак од пред две години.

Главниот генерал на Американската централна команда, на распит во сенатската Комисија за надворешни работи, истакна дека целосно ја поддржува одлуката на претседателот Барак Обама за испраќање на дополнителни 30.000 американски трупи во Авганистан.

Петреус појасни дека ситуацијата во Авганистан ќе стане потешка пред да стане полесна, но дека успех е можен. Тој додаде и дека новата политика на американските сили ќе им овозможи да постигнат значителен напредок во наредните 18 месеци.

XS
SM
MD
LG