Линкови за пристапност

Обама се подготвува да ја прими Нобеловата награда за мир


Одлуката на Комисијата за Нобелова награда во Осло наградата за мир за 2009 да му ја додели на претседателот на САД, Барак Обама, го изненади светот, а беше изненаден и самиот Обама.

„Да бидам искрен, не чувствувам дека заслужувам да бидам во друштвото на толку многу истакнати личности почестени со оваа награда“, вели тој.

Ново испитување на јавното мислење покажува дека Американците во голем дел се согласуваат со оваа изјава.

Питер Браун раководел со анкетата на Универзитетот Квинипeк спроведена врз околу 2.300 Американци.

„Дваесет и шест проценти од Американците сметаат дека тој ја заслужува Нобеловата награда за мир, што очигледно не е голема бројка“, вели Браун.

Поддршката за претседателот Обама беше особено мала меѓу републиканците и независните гласачи. Браун подвлекува дека дури и меѓу членовите на Демократската партија, само 49 проценти од испитаниците сметаат дека Комисијата за Нобелова награда донела добра одлука.

Еве некои од ставовите на обичните граѓани:

„Мислам дека требаше малку да почекаат“, вели еден Њујорчанец.

„Ова е сигнал за САД од остатокот на светот, дека со изборот на Обама за претседател, сме донеле вистинска одлука“, изјави жител на Вашингтон.

„Колку и да ми се допаѓа Обама, едноставно тој нема сторено доволно за да му се додели ваква престижна награда“, вели жител на Чикаго.

Претседателот во голем дел се согласува со овие мислење, велејќи дека понекогаш Нобеловата награда не се доделува само заради конкретно достигнување, туку да им се поттик на поставените каузи.

„Токму затоа ќе ја примам наградата – како повик за акција, повик до сите земји да се справат со заедничките предизвици на 21-от век“, вели Обама.

И додека се подготвува да им се приклучи на добитниците на Нобеловата награда за мир, како Нелсон Мандела, Мартин Лутер Кинг, Ен Сан Су Чи и други, Обама признава дека неговата награда е повеќе заради надеж, отколку заради постигнувања.

XS
SM
MD
LG